Возач на градски автобус во Скопје се обидел да му укаже на патник дека е забрането внесување пакет во автобусот, а овој место да го послуша му извадил нож и почнал да мавта со него.
На 20.2.2014 година Р.А.(44) од Скопје, вработен како возач во ЈСП, пријавил дека истиот ден во 13.30 часот, додека го управувал автобусот на ЈСП со бр.22, по бул. „Кочо Рацин“ на автобуската станица „Југодрво“, во автобусот се качило непознато лице, кое со себе носело поголем пакет. Бидејќи во автобусите било забрането да се носат поголеми предмети, Р.А. го предупредил да излезе од автобусот, по што настанала вербална расправија и во еден момент непознатото лице извадило нож и почнало да замавнува кон него. По преземени мерки е констатирано дека станува збор за А.О.(58), и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.