| четврток, 6 декември 2018 |

„Катимерини“: Напната атмосфера за време на посетата на Венизелос на Скопје

venizelos-3

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос ја реализира посетата на Скопје во напната атмосфера, пишува денеска „Катимерини“.

Весникот потсетува дека Венизелос пристигна со автомобил од Приштина, „а во Скопје го дочека протест на националистите од Панмакедонскиот конгрес и драконски мерки за безбедност“.

– Показател за атмосферата беше и тоа што по средбата со министерот за надворешни работи Попоски, двајацата министри не дадоа заеднички изјави. Се разбира, Попоски го буцна Венизелос за тоа велејќи дека „очигледно не му се допадна позадината“, односно натписот „Република Македонија“, пишува „Катимерини“.

“Катимерини“ ја пренесува изјавата на Венизелос за грчките новинари по средбите во Скопје за „поврзаноста на добрососедските односи со отвореното прашање за името и со билатералните односи со другите земји“ и оти во врска со името, побарал покреативен став од страна на Скопје.

Весникот пренесува дека на средбата со македонскиот премиер Никола Груевски било утврдено дека Грција и Македонија „треба интензивно да ја искористат постоечката процедура која се води со посредство на Метју Нимиц, во рамките на одлуките на Советот за безбедност на ОН“.

– Груевски ми повтори дека неговата земја нема територијални претензии и не демонстрира никаков иредентизам. Ова е важно, но треба да се претвори во креативен став во врска со името – ја пренесува „Катимерини“ изјавата на Венизелос за грчките новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top