| четврток, 6 декември 2018 |

Според „Катимерини“ Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

Името Илинденска Македонија според информациите што доаѓаат од страна на ФИРОМ, му го предложил Зоран Заев на Алексис Ципрас на последната нивна средба во Софија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Очигледно ова решение не е дефинитивно бидејќи слични имиња беа ставени на маса во соседната земја и во неодамнешно минато (на пример, Крушевска Македонија). Исто така, не е јасно дали Атина го прифаќа ова име и е основа за дискусија за можно решение или, пак, тоа е само потег на македонската Влада за преговорите да добијат реален импулс“, пишува весникот.

Весникот исто така пишува дека Ципрас за време на викендов ќе ги информира претседателот на државата и политичките лидери за што разговарал со својот македонски колега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top