Пазарите во развој прво мора да ги доведат во ред своите економии, а потоа да бараат солидарност од другите земји, смета германскиот министер за финансии, Волфганг Шојблe.
– Проблемите на пазарите во развој ќе бидат главна тема на самитот на групата Г20 – група на најразвиените земји во светот и економиите во равој, кој ќе се одржи во Сиднеј – изјави Шојбле.
Во последните неколку месеци, пазарите на акции, обврзници и валути се соочија со флуктуации поради загриженоста од слабиот економски раст и укинувањето на програмата за монетарно поттикнување во САД, оценува „Ројтерс“.
– Забележуваме извесни промени во одделни земји во развој, што ќе биде и најважната тема на самитот на Г20. Според моето мислење, мораме секогаш да се стремиме кон солидарност и секој од нас најпрво треба да ја реши својата домашна задача, а потоа да побара солидарност од другите – истакна Шојбле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



