| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Ќе плачеме ако Британците ја напуштат ЕУ

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјави дека ќе плаче доколку Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ на референдумот, кој е закажан за 23 јуни.

Sojble

– Ќе плачеме, одговори Шојбле за време на панел дискусијата со британски бизнис лидери во Лондон на прашањето што ќе направи ако Велика Британија го напушти европскиот блок.

Неговиот одговор предизвика смеа и аплауз од присутните бизнисмени.

Шојбле неодамна изјави дека ЕУ би била помалку конкурентна и понестабилна без Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top