| четврток, 6 декември 2018 |

Пазарите во развој да си ги средат економиите, а потоа да бараат солидарност

sojble

Пазарите во развој прво мора да ги доведат во ред своите економии, а потоа да бараат солидарност од другите земји, смета германскиот министер за финансии, Волфганг Шојблe.

– Проблемите на пазарите во развој ќе бидат главна тема на самитот на групата Г20 – група на најразвиените земји во светот и економиите во равој, кој ќе се одржи во Сиднеј – изјави Шојбле.

Во последните неколку месеци, пазарите на акции, обврзници и валути се соочија со флуктуации поради загриженоста од слабиот економски раст и укинувањето на програмата за монетарно поттикнување во САД, оценува „Ројтерс“.

– Забележуваме извесни промени во одделни земји во развој, што ќе биде и најважната тема на самитот на Г20. Според моето мислење, мораме секогаш да се стремиме кон солидарност и секој од нас најпрво треба да ја реши својата домашна задача, а потоа да побара солидарност од другите – истакна Шојбле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top