В недела напладне во Македонската опера и балет ќе одржи претстава за деца. „Клинг-кланг“ е музичка авантура, која како серија за запознавање со музиката на најмладата популација ја востанови гостинката од Австрија, Урсула Хорнер.
Тоа што е посебно важно за оваа претстава е активното учество на децата во неа. Ќе имаат можност директно да се запознаат со музичките инструменти, кои низ приказна ќе им ја доловат музиката како феномен. Ќе имаат можност да пеат, ракоплескаат и да поставуваат прашања до сите учесници на сцената. Во нашата неделна матинеа ќе се запознаат со гудачките инструменти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


