
Десетгодишна Британка починала скијајќи се со голема брзина и удирајќи во дрво додека била на фамилијарен одмор на Алпите.
Младата Британка се скијала заедно со својот татко во одморалиштето Мајрхофен кога наеднаш ја изгубила контрола врз скиите и излетала надвор од скијачката патека.
Сведоците велата дека таа не била во можност да запре и поради големата брзина се удрила во дрвото.
Болничарите во рок од неколку минути со хеликоптер го однеле девојчето во болницата во Инсбурк. Но здравствените власти потврдиле дека таа починала.
Нејзините роднини и дале итна помош на местото на настанот и веднаш ги контактирале болничарите од болницата во Инсбурк .
Еден од сведоците вели дека видел девојче кое ја напушта ски патеката и дека се движи со неверојатна брзина,слушнал многу викање,но не можел да ја забележи несреќата.Тоа го воочил со доаѓањето на хеликоптерот по девојчето.
Мајрхофен е познато и популарно ски одморалиште за Британските скијачи и е поставено на 3,250 м надморска височина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


