Македонската влада ќе додели 15 стипендии за додипломски и постдипломски студии за изучување на старотурскиот јазик. Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ги повика сите заинтересирани студенти и граѓани да аплицираат за изучување на овој јазик.
– Станува збор за еден исклучително интерсен процес поради потребите со кои Македонија во последниот период сериозно се соочува. Имено, со оглед на тоа што старотурскиот јазик претставува еден од најстарите документирани јазици на ова подрачје, голем број документи, записи и архивски податоци на територијата на Македонија се запишани на старотурскиот јазик. Тој е различен од актуелниот турски јазик и е мешавина од турскиот, персискиот и некои арабиски елементи. За нас ќе биде значајно ако 15 студенти се запишат на додипломски или на постдипломски студии во Турција или во други источни земји каде што се изучува старотурскиот јазик, а ќе бидат стипендирани од Владата на РМ. Република Македонија има потреба за превод на сите тие историски документи, но и катастарски документи зашто има и голем број тапии, како и поради пристапот што ни го даде турската влада до архивите – изјави министерот Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија
-
Објавен Конкурсот за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот