Скопскиот регион ќе се гасифицира за четири години, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Повикот за гасификација трае до 26-ти мај годинава, а веќе има заинтересирани компании за изградба на проектот. Целиот процес на гасификација ќе значи зголемување на конкурентноста, продуктивноста и ефективноста на компаниите. Станува збор за инвестиција од 100 милиони евра.
-Инвестицијата што треба да ја направат граѓаните или компаниите во зависност од тоа какво средство користат сега за греење, средствата се враќаат од две до три години, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанкиевски.
-Ќе се овозможи да има алтернативни енергенси со што ќе се подобрат ќе се подобрат условите, нашите фабрики и производители ќе станат поконкурентни и нивните прозводи ќе бидат поконкурентни на пазарите, оцени Сеад Кочан, претседател на Асоцијација на градежници при Сојузот на Стопански комори на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јанкулоска со поддршка за Јанакиески (фото)
-
Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена
-
Илиовски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација
-
Преку новото сценарио за гасификација, владата на СДСМ ја прави Македонија енергетски зависна од Русија