| четврток, 6 декември 2018 |

Грција не планира да го признае Косово

kosovoGranica

Грција и натаму не планира да го признае Косово, објавија приштински медиуми, а ТВ „Кохазион“ пренесува дека тоа директно го потврдил заменик-премиерот на Грција, Евангелос Венизелос, по состанокот со косовскиот премиер Хашим Тачи.
Од друга страна, Тачи рекол дека набрзо ќе биде отворена косовска канцеларија во Атина со цел соработка со таа држава, објави „Коха диторе“.
Венизелос, како што додава весникот, рекол дека Грција ја поддржува интеграцијата на Косово во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top