Осум феминистки денес одлучиле да ги покажат своите гради со што го прославиле заминувањето на Бенедикт Шенаесетти. Тие повлекувањето на поглаварот од католичката црква го славеле пред париската катедрала Нотердам.

Во катедралата влегле облечени во долги капути, а ги соблекле откако стигнале во внатрешноста. Под капутот имале само гаќи и чорапи. Удирале во три ѕвона во близина на олтарот и извикувале: Нема веќе Папа. Нема вече хомофоб, Довидување Бенедикт.
По ова обезбедувањето ги извлекло пред црква, каде уште некое време викале – Во хомосексуалноста веруваме и Си оди хомофобот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


