| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се обедини (фото)

СДСМ се обедини, ако не на политичката сцена, барем во ложата во Универзална сала за време на овогодинешната „Златна Бубамара на популарноста“. sekerinska, zaev, jani Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шекеринска во ложа седеја заедно со Јани Макрадули, кој гласно го искажува своето незадоволство од новото раководство, со поранешниот портпарол на СДСМ, Емилијан Станковиќ, како и со еден од „отпадниците“, Владо Бучковски, кој формираше нова партија – Граѓанска Алијанса за Позитивна Македонија.

sekerinska jani

Јани Макрадули со сопругата, Радмила Шекеринска и Бобо Јанковски,
Заев со сопругата

Ако политичките и идеолошки ставови не успејаа да ги обединат, барем добрата забава и хуморот на Сашко Коцев успеја да ги стави во исти кош.

Bubamara 2014 (29) (Custom)

Стевче Јакимовски и Владимир Тодоровиќ

Не во истиот ред, но во близина на Шекеринска и Заев беше и уште еден „отпадник“ – Стевче Јакимовски, кој направи своја партија, ГРОМ. Тој беше во друштво на поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.

 Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top