СДСМ се обедини, ако не на политичката сцена, барем во ложата во Универзална сала за време на овогодинешната „Златна Бубамара на популарноста“.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателката Радмила Шекеринска во ложа седеја заедно со Јани Макрадули, кој гласно го искажува своето незадоволство од новото раководство, со поранешниот портпарол на СДСМ, Емилијан Станковиќ, како и со еден од „отпадниците“, Владо Бучковски, кој формираше нова партија – Граѓанска Алијанса за Позитивна Македонија.

Јани Макрадули со сопругата, Радмила Шекеринска и Бобо Јанковски,
Заев со сопругата
Ако политичките и идеолошки ставови не успејаа да ги обединат, барем добрата забава и хуморот на Сашко Коцев успеја да ги стави во исти кош.

Стевче Јакимовски и Владимир Тодоровиќ
Не во истиот ред, но во близина на Шекеринска и Заев беше и уште еден „отпадник“ – Стевче Јакимовски, кој направи своја партија, ГРОМ. Тој беше во друштво на поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Макрадули: Не сакаме да им купуваме маски на сите луѓе
-
Борбата за здрава животна средина не трпи популизам, рече Макрадули и остана жив
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји


