Обвинителството на ЕУЛЕКС подигна обвинение против поранешниот министер за транспорт и телекомуникации Фатмир Лимај и уште четири негови соработници за низа прекршувања на заканот, со што ја оштетиле државата за најмалку 890.000 евра.
Петмината се обвинети за организран криминал, злоупотреба на службената должност, примање на поткуп и други коруптивни дела во 2008 година, додека Лимај беше министер.
Обвинението е подигнато врз основа на истрага на одделението за борба против корупцијата на косовската полиција и одделението на ЕУЛЕКС за организиран криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.