Власта и опозицијата сеуште не разговарале за предвремени парламентарни. Последниот рок за распуштање наСобранието, доколку падне одлука да се гласа за нов парламентарен состав е 7 март.
Извори од ВМРО – ДПМНЕ на Алфа телевизија откриваат дека ќе ја чекаат реакцијата од ДУИ по завршувањето на партиската конвенција за избор на претседателски канидат. Од тоа ќе зависи велат дали ќе се разговара за предвремени парламентарни.
Интегративците пак се уште се надеваат на одговор од коалициониот партнер за нивниот предлог за консензуален кандидат.
И во СДСМ се размислува за предвремени парламентарни. Наводно се подготвувало сценарио тие да побараат распуштање на Парламентот, само за да бидат први и да ја претркаат власта, уверени дека таа ќе ги распише. Високи партиски фуункционери велат дека не е искчучена ваквата опција, но обелоденуваат и дека не им одговора парламентарните да бидат заедно со вториот круг од претседателските избори. Убедени се, велат за Алфа, дека тоа ќе биде уште еден голем пораз за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.