Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на советничката од СДСМ во Град Скопје, Софија Куновска, која денеска изјави дека со донесувањето на одлуката за рефасадирање на 15 објекти во строгиот центар на градот целосно се упропастува овој дел, иако граѓаните на оваа општина на последните локални избори гласаа против барокот.
Од ВМРО-ДПМНЕ се потсмеваат на последната реконструкција на зградата Папагал во која инвестираше Општина Центар и сметаат дека стилот на СДСМ се инспирира од мотивите во зоолошка градина.
„Ги повикуваме граѓаните на Општина Центар да фатат ред кај градоначалникот Андреј Жерновски за нови папагал фасади. Покрај папагал фасадата, дознаваме дека во СДСМ се развива и опција за трошење на парите на граѓаните за фасади со мотив на фазан и паун, а во план се и жирафа и крокодил“, велат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)