ВМРО-ДПМНЕ реагираше во врска со вчерашните протести на стечајците и бараат СДСМ да не ги злоупотребуваат стечајните работници за политички цели.
– СДСМ за време на своето владеење во Република Македонија затвори 684 фабрики и претпријатија. Остави над 200.000 луѓе кои беа жртви на оваа погрешна приватизација. Голем дел од нив сеуште ја носат маката на стечајниот работник – рече Антонио Милошоски на денешната прес-конференција.
Тој истакна дека Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Владата на Репбулика Македонија во изминативе неколку години со повеќе мерки и со добра политичка волја се обидува да го реши овој создаден проблем и дека се носат проактивни мерки и во рамките на економијата и во рамките на финансиите и во рамките на социјалната поддршка за да може да се изнајде целосно и достојно решение за проблемот на стечајците кои што беа создадени во времето на СДСМ.
– Кога СДСМ е на власт имаме затварање фабрики, ликвидација и стечај, а кога ВМРО-ДПМНЕ е дел од Владата на Република Макеонија или ја предводи истата тогаш имаме отварање на нови фабрики и привлекување на странски инвеститори. Тоа е голема разлика и во начинот на работа и во чувствителноста за проблемите кои ги создал некој друг. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму со целосна политичка волја да ги решава проблемите кои биле создадени во времето на СДСМ – вели Милошоски и додаде дека дестабилизацијата на Република Македонија не одговоара никому, затоа што никој нема да има корист од такви состојби.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика преставниците од СДСМ да понудат решенија, а не да ги злоупотребуваат стечајците како од нив создаден проблем. ВМРО-ДПМНЕ и во 2008 година и во 2014 година, два пати донесе закон за стечајците со коишто очекуваме голем број од овие луѓе ќе добијат достоен приход за нивниот живот и за нивната издршка“, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



