| четврток, 6 декември 2018 |

Тед Лигети е новиот олимписки шампион во велеслалом

Американецот Тед Лигети е победник во велеслаломската трка на Зимските Олимписки игри во Сочи. Тоj победи со вкупно време 2.45.29 минути со предност од 48 стотинки се пласираше пред французинот Стив Мисилије. Лигети беше првопласиран и по првата трка. Мисилије направи вистински подвиг бидејќи по првата трка беше десетто пласиран со заостанување од 1.50 секунди. На пиедесталот се искачи уште французин Алекс Пинтуро кој заостана 64 стотинки зад Лигети. По првата трка Пинторо заврши на шестото место. Во ниту еден момент Лигети не беше загрозен за првото место бидејќи првата трка ја заврши со предност од 93 стотинки пред Ондреј Банк од Чешка. Фаворитот за велеслаломската трка Австриецот Марсел Хиршер заврши на четвтото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top