Во првото четвртфинале на хокеј машкиот турнир во Сочи, Шведската репрезентација ја декласираше селекцијата на Словенија со 5-0. Силниот сотав на швеѓаните составен од неколку НХЛ ѕвезди без поголеми проблеми славеше во натпреварот против пријатното изненадување на Зимските Олимписки игри.
Шведска поведе во финишот од првата третина со голот на Стен откако играчот на Словенија Мурсак беше исклучен на две минути.
Во вториот период Словенците беа рамноправни, но без некоја посериозна шанса за израмнување на резултатот.
Во последниот дел од натпреварот Швеѓаните ја демострираа сета своја сила акумулирана од НХЛ лигата и го декласираа противникот со дури четири гола. Седин, Ериксон и Хагелин со два гола ја испратија Словенија дома, која на овој турнир покажа дека има потенцијал и се очекува во следните големи натпреварувања да се искачи уште некое скалило погоре.
Шведска во полуфиналето ќе се сретне со победникот од натпреварот Русија – Финска. Во другите две четвртфинални средби силите ќе ги одмерат Канада – Латвија и САД – Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.