| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко ги повика жените и децата да го напуштат плоштадот Мајдан во Киев

Виталиј Кличко ги повика жените и децата да го напуштат плоштадот Мајдан, во центарот на Киев, цитиран од француските медиуми.

– Ги молам жените и децата да го напуштат Мајдан. Не можеме да исклучиме напади на силите на редот, изјави тој пред демонстрантите, собрани во центарот на Киев, додека истекуваше рокот на ултиматумот на власта.

– Го повикуваме претседателот и силите на безбедност да го прекинат насилството и конфронтацијата“, додаде лидерот на опозициската партија „УДАР“, цитиран од британските медиуми.

Еден полицаец денеска е убиен во Киев во судирите со активистите на опозицијата, соопшти украинското МВР.

Според првичните податоци, полицаецот бил прострелан во вратот и починал на пат за болница, се посочува во соопштението на министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top