Виталиј Кличко ги повика жените и децата да го напуштат плоштадот Мајдан, во центарот на Киев, цитиран од француските медиуми.
– Ги молам жените и децата да го напуштат Мајдан. Не можеме да исклучиме напади на силите на редот, изјави тој пред демонстрантите, собрани во центарот на Киев, додека истекуваше рокот на ултиматумот на власта.
– Го повикуваме претседателот и силите на безбедност да го прекинат насилството и конфронтацијата“, додаде лидерот на опозициската партија „УДАР“, цитиран од британските медиуми.
Еден полицаец денеска е убиен во Киев во судирите со активистите на опозицијата, соопшти украинското МВР.
Според првичните податоци, полицаецот бил прострелан во вратот и починал на пат за болница, се посочува во соопштението на министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


