СДСМ повторно сака да предизвика дестабилизација на државата, овојпат преку група граѓани кои себеси се нарекуваат стечајци.
Повеќе од јасно е дека СДСМ е таа што ги организира денешните протести.
Видливо беше присуството на високи функционери на СДСМ, како Кире Наумов, кои од далеку ја координираа и насочуваа групата на луѓе составена најмногу од нивни активисти и членови. Тоа е доказ за деструктивната намера на СДСМ да предизвика дестабилизација во Република Макеодонија.
Очигледно СДСМ преку општините во кои владее, Струмица и Куманово, ги користи своите партиски активисти за протести носејќи ги со автобуси во Скопје, што можеше да се види и од фотографиите кои се појавија во медиумите. Јасно е дека општините Струмица и Куманово се злоупотребуваат како логистички и финансиски центри за организирање на вакви сценарија.
Би сакале да ги предупредиме СДСМ дека повторно си играат со трпението и нервите на народот. Си играат многу опасна игра.
Како и минатата година, така и оваа година, СДСМ не престануваат да играат опасни игри и да смилслуваат начини за дестабилизација, кои не можат да донесат ништо добро за Република Македонија.
СДСМ и овој пат избра погрешен пат. Наместо да се обидуваат да ја дестабилизираат државата, подобро ќе биде да се сконцентрираат на создавање разумна програма доколку имаат капацитет и квалитет за такво нешто.
Ова сценарио со протести и пробивање на полициски кордони е веќе видено од страна на СДСМ. Ова сценарио нема да им помогне ништо, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


