Активисти на најголемата опозициона партија ги организираа протестите на стечајците пред седиштето на владата на кои денеска беше побарано во минатата недела усвоениот Закон за стечајци да влезат сите оние што ги изгубиле работните места во фирми што отишле во стечај.
Според изјава на еден од демонстрантите од Куманово кој не знаеше дали се протестира пред владата или пред собранието на репортерот на „Република“ му изјави дека во Скопје пристигнал со автобус организиран од СДСМ.
Активисти на социјалдемократската младина за цело време на протестот ги организираа присутните стотина демонстанти а на протестот беа присутни и високиот функцонер на СДСМ Кире Наумов како и неколку други активисти на партијата како Атанас Костовски кои беа дел од групата.
Еден од демонстрантите кој што насилно се обиде да ја тргне оградата пред полицискиот кордон подоцна за време на голем дел од протестот стоеше во непосредна близина на Наумов.
Дека СДСМ стои зад протестите на стечајците се виде и од фактот што веднаш откако дел од стечајците координирани од партиските активисти на СДСМ предизвикаа инцидент партиските активисти започнаа со координација на луѓето кои што даваа изјави за медиумите.
Уранија Пировска од Хелсинчкиот Комитет, дел од лидерите на групата демонстранти и други претставници на невладиниот сектор во изјавите веднаш го осудија наводното насилство на полицијата иако сите присутни видеоа дека присутните полициски припадници се обидуваа да го смират инцидентот без употреба на сила.
Инаку инцидентот во кој интервенираше полицијата започна откако група најрадикални демонстранти се обидоа да ги отстранат заштитните огради и да влезат во зградата на владата.
За разлика од најрадикалните десетина кои се обидоа насилно да влезат во владата останатите демонстранти останаа мирно да протестираат пред заштитните огради.
Притоа полицијата интервенираше само кон тие што се обидоа да ги отстранат заштитните огради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.