Познатиот српски актер и музичар Иван Босиљчиќ најавува голем осмомартовски концерт пред македонската публика во Универзална сала, во организација на музичката куќа „Сил-Вла“.
Македонската публика го запозна преку многубројните улоги во популарните српски серии „Гревот на нејзината мајка“, „Непобедливо срце“, „Љубов и омраза“, „Ранет орел“, но и како сопруг на пејачката и некогашна претставничка на Србија на „Евровизија“, Јелена Томашевиќ.
Босиљчиќ во Скопје доаѓа со својот бенд, а концертот ќе почне во 20.30 часот. Влезниците, кои чинат по 600 денари може да се купат на касата на Универзална сала, во „Розе“ во „Веро 2“, „Југотон“ и во Камарад.
Тоа што особено остава впечаток кај овој млад и популарен артист се многубројните музичко- актерски перформанси, кои ги прикажува пред публиката. Тој, како посебен вид модерна уметничко-сценска атракција, може да се пофали со неколку наполнети сали во престижниот белградски „Сава центар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип