| четврток, 6 декември 2018 |

Шпигел: „Меркел го запре Шојбле“

merkel-shoibleГерманскиот неделник „Шпигел“ во текст со наслов „Меркел го запре Шојбле“ пишува за несогласувања меѓу германската канцеларка и министерот за финансии во однос на евентуален нов спасувачки пакет помош за Грција, што би се доделил на земјата пред европските избори.
Весникот тврди дека, според Мекел, ваквата помош ќе ги „потхрани“ германските евроскептици пред изборите во мај.
Меѓу Ангела Меркел и Волфганг Шојбле повторно има несогласувања за линијата на европската политика. Германската канцеларка го запрела проектот на министерот за финансии за обезбедување нов пакет помош на Грција пред евроизборите во мај, пишува „Шпигел“, додавајаќи дека Меркел ги информирала властите во Атина дека не може да смета на таква помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top