| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со атрактивна игра води по првото полувреме 17-11

Vardar-Wacker-Thun-6

Во претпоследното коло од групата од ракометната Лига на шампиони македонскиот шампион Вардар на полувреме води со шест разлика против тимот на Вакер Тун. Растоварени од притисокот бидејќи се веќе пласирани во топ 16 фазата од ова натпреварување „црвено-црните“ играат лесно, полетно со многу убави и атрактивни потези. Тренерот Раул Гонзалес им даде шанса на повеќето играчи. Најдобриот играч на Вардар Тимур Дибиров е без постигнат погодок, но во неколку наврати од контра беше несебичен и ги проигруваше своите колеги. Тоа ја воодушеви публиката која цело време ги бодри играчите. Атмосферата е во СЦ „Борис Трајковски“ е фантастична. Кај Вардар дури девет играчи се запишаа во листата на стрелците. Најефикасни се Карачиќ и Марковиќ со по три гола. Петар Ангелов блеска на голот со шест одбрани.
Кај гостите едниствени светли точки се Дешванден со пет и Исаиловиќ со три гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top