| четврток, 6 декември 2018 |

Нѐ очекува многу жешко лето?

toploten-uda

Со оглед на топлото, на периоди и премногу топло време кое нѐ следи цела зима, многу е веројатно дека и остатокот од годината ќе биде таков. Научниците тврдат дека шансите летото 2014 година да биде најжешко откако е почнато да се мери топлината во воздухот се 75 отсто, пишува „Индепендент“.

Се очекува уште една појава на климатскиот феномент Ел Нињо, кој се случува кога водата на Пацификот кај екваторот е необично топла и тоа доведува до големи промени на струењето на морето и ветерот во еден дел од светот, пишува британскиот весник. Во студијата објавена во зборникот на Националната академија на науката, научниците од Германија тврдат дека можат да ги прогнозираат трендовите на Ел Нињо и една година однапред, за разлика од моментните прогнози кои тоа го прават шест месеци однапред.

Научниците тврдат дека во последните две години точно ги предвидуваче појавите на Ел Нињо, благодарејќи на новите методи на мерење на односот на температурата во Тихиот океан. Такви долгорочни прогнози можат да им помогнат на државите да се подготват на можените турбулентни прилики.

Според предвидувањата, во втората половина на годината треба да се случи појава предизвикана од Ел Нињо. Ел Нињо е феномен на силно загревање на морото околу екваторот на Пацификот.

Критичарите пак, тврдат дека нивната метода е застарена и дека тие само ги анализираат статистичките промени на температурата, а ги занемаруваат другите настани во морињата и во атмосферата. Тврдат дека до крајот на вториот квартал оваа година не може да се предвиди времето со каква било сигурност, а уште помалку со тврдење дека 75 отсто се сигурни оти нѐ очекува многу жешко лето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top