Мошне успешно заврши првата „Ноќ на венчаници“ која ја организираше модениот викенд Скопје која се одржа во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.
Вечерта беше посветена на невестите започна со „модна венчавка“ за да продолжи со 11 венчаници од колекцијата „ Дваесетите пролетти“ на студиото Зиане кое воедно годинава одбележува 20 години од своето постоење. „Зиане“ се врати на модните писти по десет години откако за последен пат своите креации ги покажа во 2004 година.
„Ал Апарел“ прикажа дел од колекцијата „Верба“за 2014 година составена од свечени фустани и венчаници.
На третата ревија, манекенките од модната агенција „Подиум“ беа облечени во шест венчаници и четири вечерни тоалети на „Емили ексклузив дизајн“. Гламурозните и модерни венчаници освен што се уникатни, изработени се рачно.
Оперскиот пејач и модел Дарко Тодоровски кој посетителите ги водеше низ модната вечер како четвртти ги најави венчаниците на ателјето „Жана“ кое се претстави со романтични фустани во шампањ и праска боја изработени од индиско ламе и лакиран брокат.
Претпоследната ревија на бутикот за венчаници „Бианка“ донесе десет несекојдневни модели на венчални фустани и ја заврши ревијата со необична раскошна венчаница во кафена боја.
„Модната вечер на невестите“ заврши со најновото од Мила Кадриу. Модната куќа подготви елегантни но и шик кратки венчаници кои ги следат светските трендови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.