| четврток, 6 декември 2018 |

Косово ги забранува звучниците на џамиите

dzamija zvucki

Косово донесува закон со кој се забрануваат звучниците на верските објекти. Законот за заштита од врева сѐ уште е во нацрт-верзија, а критиките веќе стигнуваат. Најмногубројни спротивставувања има за членот 4, кој во врева ги вбројува и апаратите од верските објекти.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Дардан Гаши како предлагач на законот, иако има многу критики тврди дека законот не е против џамиите, ниту против камбаните, туку против вревата. Законот налага општините да изработат планови за дејствување базирани на резултатите од мерењето на вревата заради превенција на нивото на врева, особено кога изложувањето може да има штетни последици за здравјето на човекот.

– Исто така создава основа за поставување мерки за намалување на вревата од големи извори на врева, особено автомобилите, патниот и воздушниот транспорт и друго. Нацрт-законот исто така ги опфаќа верските заедници по консултација со нив – истакна Гаши.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top