| четврток, 6 декември 2018 |

Избегал од затвор за да биде со саканата на Денот на вљубените

20130528-zoshto-zatvorenicite-vo-venecuela-gi-shijat-ustite-360Бегство од затвор поради љубов – затвореникот Џозеф Ендру од Аризона побегнал од затвор за да биде со својата сакана на Денот на вљубените.

Како што пренесуваат тамошните медиуми 40=годишниот Ендру прескокнал преку два бетонски ѕида,успеал да помине низ бодликава жица, и да стигне до саканата. Притоа се здобил со сериозни исекотини по целото тело. Откако по неколку часа бил фатен, затворските служби биле приморани да го однесат на лекар, поради сериозните повреди со кои се здобил.

Тој годинава бил уапсен за кражба, откако биле пронајдени украдени предмети во неговото возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top