| четврток, 6 декември 2018 |

Вилја даде гол по 3 месеци пауза и заврши во болница

Напаѓачот на Барселона, Давид Вилја, се израдува на погодок по 3 месеци пауза, но славјето му го расипаа стомачните проблеми, па стрелецот заврши во болница.

Докторите му открија камен во бубрегот и во следните денови Вилја ќе биде под третман за санирање на проблемот. Не се знае колку долго ќе отсуствува, а веројатно нема да биде во составот на Барселона за следниот натпревар од шпанското првенство против Гранада.

Вилја сезонава има многу проблеми со повредите и оттаму е слабиот голгетерски ефект од само 5 погодоци на 15 натпревари.

Во голеадата против Гетафе (6-1 за Барселона) Давид постигна еден гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top