| четврток, 6 декември 2018 |

Романтично бегство од затвор

vljubenЗатвореник од Аризона ги прескокнал двата ѕида од затворот и се провлекол низ бодликавата жица за да се види со својата девојка на Денот на заљубените. Но романтичниот состанок кратко траел- набрзо бил вратен позади решетки- соопштува локалниот шериф.
Џозеф Ендру Декенип на 14 декември избегал од окружниот центар за притвор, но повторно бил уапсен во кафе бар во гратчето Кулиџ без противење, каде што била и неговата девојка. Тој бил осомничен за кражба на автомобили, криумчарење на украден имот, нелегално управување со автомобил и авион иако возачката дозвола му била одземена. Според официјалните лица, Декенип на сето ова, ќе се соочи и со тужба за бегање од затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top