| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалот со детската понографија ја тресе владата на Меркел

 Hans-Peter FriedrichСкандалот заради истекување на информации ја потресе владата на Ангела Меркел. Министерот за земјоделство Ханс- Петер Фридрих беше присилен да даде оставка откако се откри дека ги известил социјалистите дека против еден нивен пратеник во парламентот се води истрага зарди децка порнографија.

-Се уште сум убеден дека правилно постапив, и политички и правно. Но притисокот врз мене толку порасна, што веќе не можам да ја исполнувам должноста со целосната концентрација и трпение, како и со потребната политичка поткрепа- порача тој.

Фридрих, член на христијанските демократи на Меркел, беше министер за внатрешни работи. Истовремено се водеа преговори за коалициска влада со социјалистите.

-Вам ви велам довидување, ќе се вратам јас- порача министерот.

Но случајт уште се истражува. Против редерик може да биде покренато обвинение. мркел ооставкта ја прифти со почит и жалење.

-Со оставката тој уште еднш покажа дека своите итереси ги става зад туѓите. резема политичка одговорност без обзир на правните последици- порача таа.

Обвинителството тврди дека истекувањето на информации можеби го поткопало случајот. Германските мдиуми известуваат дека при претресот на домот на пратеникот не е најдено ништо што би го инкриминирало. Се уште не е познто кој  му дојавил за истрагата. Фридрих тврди дека го известил челникот на социјалистите и актуелен потпретседател на владата Сигмар Габриел. Доколку и тој биде присилен да даде оставка, тоа би можело да биде крај на голлемата коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top