| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумот „Тетова Сот“ го прогласи гостиварскиот гас за „Опасен“

gostivarМедиумот на албански јазик во Македонија „Тетова Сот“  пишува дека „Денеска, опасен гас бил фрлен во просториите на средното економско училиште во Гостивар од кој се затруле 7 ученици, 3 наставници и заменик-директорот на училиштето. Во тој момент присутен бил и  гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта. Случајот го потврдуваат и од  јавното обвинителство“.

Според информации на Република од Клиниката за Токсикологија во Скопје, каде десетина ученици и професори е префрлени од гостиварската болница, во нивните организми не се пронајдени штетни материи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top