Медиумот на албански јазик во Македонија „Тетова Сот“ пишува дека „Денеска, опасен гас бил фрлен во просториите на средното економско училиште во Гостивар од кој се затруле 7 ученици, 3 наставници и заменик-директорот на училиштето. Во тој момент присутен бил и гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта. Случајот го потврдуваат и од јавното обвинителство“.
Според информации на Република од Клиниката за Токсикологија во Скопје, каде десетина ученици и професори е префрлени од гостиварската болница, во нивните организми не се пронајдени штетни материи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.