На љубовта и виното како идеален пар секогаш им парираат добра книга и здрава закускa, a денешниов ден е совршен за спој на сите овие моменти, велат од „Клуб Матица“ и од „Виталиа“.
Двете компании заедно ви приредуваат несекојдневно изненадување на Денот на вљубените и Св. Трифун, со почеток од 17 часот, љубовта кон книгата да ја прославите со чаша квалитетно македонско црвено вино и вкусен здрав оброк. Втора година по ред, компанијата за здрава храна „Виталиа“ ја обезбедува закуската, поддржувајќи го здравиот начин на живот.
Движејќи се по „Булеварот на книгите”, посетителите ќе имаат несекојдневна можност да ги купат своите омилени книги, дел од широката понуда на наслови која „Клуб Матица Македонска“ ја поседува и да уживаат во здравата закуска подготвена од „Виталиа“.
Иако градот нуди различни настани наменети за вљубените, убаво напишаниот збор е перфектниот пар на љубовта. Затоа напрaвете го овој ден незаборавен и подарете им љубов и здравје на вашите најдраги, велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.