| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовта и виното – идеален пар на добра книга и здрава закуска

На љубовта и виното како идеален пар секогаш им парираат добра книга и здрава закускa, a денешниов ден е совршен за спој на сите овие моменти, велат од „Клуб Матица“ и од „Виталиа“.

1004958_814107255271820_1302633502_n

Двете компании заедно ви приредуваат несекојдневно изненадување на Денот на вљубените и Св. Трифун, со почеток од 17 часот, љубовта кон книгата да ја прославите со чаша квалитетно македонско црвено вино и вкусен здрав оброк. Втора година по ред, компанијата за здрава храна „Виталиа“ ја обезбедува закуската, поддржувајќи го здравиот начин на живот.

1794606_814107158605163_248995589_n

Движејќи се по „Булеварот на книгите”, посетителите ќе имаат несекојдневна можност да ги купат своите омилени книги, дел од широката понуда на наслови која „Клуб Матица Македонска“ ја поседува и да уживаат во здравата закуска подготвена од „Виталиа“.

1234678_814107095271836_246582665_n

Иако градот нуди различни настани наменети за вљубените,  убаво напишаниот збор е перфектниот пар на љубовта. Затоа  напрaвете го овој ден незаборавен и подарете им љубов и здравје на вашите најдраги, велат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top