| четврток, 6 декември 2018 |

„Спорт топ 100“ до полноќ на „Булеварот на книгите“

„Спорт топ 100 до полноќ“ е првиот од серијата најавени летни настани во организација на „Клубот Матица“, со кои се одбележува 15. по ред акција „Со книга на плажа“.

Честа да го одбележат стартот на акцијата посветена на пишаниот збор им припадна на македонските спортисти, во чие друштво сите посетители на Матица, освен во книгите, ќе имаат можност да уживаат и во натпреварите од Светското фудбалско првенство во Бразил.  Преку навивање и забава домаќините на првиот од низата планирани настани во рамките на кампањата „Со книга на плажа“,, во случајов македонските спортисти, ќе ги споделат со посетителите своите омилени наслови и воедно заеднички ќе го следат мечот меѓу САД и Белгија.

Настанот почна по зајдисонце и ќе трае сѐ до полноќ, и тоа пред платото на „Клубот Матица“, на Булеварот на книгите. Освен што сите заеднички ќе се вклучиме во фудбалската треска која деновиве владее низ светот, целата атмосфера и навивачката еуфорија ќе бидат надополнети со 100 препорачани наслови по суперцени.

Омилените 100 наслови на македонските спортисти како: Хитот на летото “Последната Пролет во Париз”, “Ќерките на Рим”, “Кој тропа на прозорецот”, „Вкусот на гревот“„Балкан во Лондон“, „Рогот на љубовта“, „Нишан“, „Андалузискиот пријател“, „На бал со кралот“, „Златното лале“, „Нежниот бунтовник“….по откачено добри цени.

Освен што настанот ќе биде одлична можност за купување книги по неверојатни цени и дружба со нашите спортисти, во исто време ќе можете и да ги дознаете омилените книги на фудбалската легенда Дарко Панчев, маратонката Теодора Раптис, ракометарот Дејан Манасков од ракометниот клуб Металург, кајакарот Атанас Николовски, Страхиња Милиќ од РК Вардар, маратонците Томи Стефановски и Евгениј Поп Христов, ватерполистите Владимир Латковиќ и Игор Милановиќ и уште многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top