| четврток, 6 декември 2018 |

Вилета победник во алпска комбинација, Костелиќ втор

Во денешната програма на ЗОИ во Сочи беше возена алпската комбинација во машка конкуренција. Времето од двете возени трки го дава победникот. Стартот беше поместен за еден час порано бидејќи организаторите на олимпијадата имаат проблеми со високите температури во Сочи. Победник по двете возени трки во спуст и слалом е швајцарскиот скијач Сандро Вилета, кој направи вистински подвиг со вкупно време од 2.45.20 секунди и се заќити со златниот медал. Вилета по спустот беше пласиран дури на 14. место, но со одлично возење во слаломот кое го заврши со време од 50.32 секунди успеа да ги победи фаворитите и да се искачи на пиедесталот. Хрватскиот ветеран Ивица Костелиќ го зазеде второто место со вкупно заостанување од 34 стотинки зад победникот. Костелиќ по трката во спуст беше седмопласиран со 93 стотинки заостанување за лидерот Кјетил Јенсруд. На третото место се искачи Италијанецот Кристоф Инерхофер со вкупно време од 2.46.26 минути.
Јенсруд не ја искористи шансата и првото место после спуст трката и со послабо возење во слаломот мораше да се задоволи само со четвртото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top