Најпопуларната и најочекувана манифестација „Златна бубамара на популарноста“ го најавува 17. издание со еколошки монетарен слоган: ОД ПАРИ СЕ ЖИВЕЕ – НЕ ОД ВОЗДУХ!
– „Златна бубамара“ секогаш во свој препознатлив стил ја прераскажува изминатата година, ја дијагностицира и лекува нашата реалности и опшествена стварност. Во измнинатите години создававме тематски различни идеолошки бубамари: затворска, транзициска, европска, романтична, барокна, малерозна, социјалистичка.
За оваа година нашата програма повторно ќе биде – вкусно природно овошје создадено од овоштарникот на нашите
најпопуларни личности и уметници, кој создаваат богатство на нашата душа – открива Ранко Петровиќ, автор и режисер на „Златна бубамара на популарноста“.
На само неколку денови пред одржувањето ви го откриваме изгледот на плакатот за ГМО ЗБМП СК 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



