Ракометарите на Металург попладнево ќе тргнат во долга и напорна белоруска авантура што ќе трае безмалку цела седмица, а нашиот вицешампион ќе одигра два меча во две различни натпреварувања.
Првиот во рамките на Лигата на шампионите против Динамо Минск в недела од 14 часот, кој е исклучително значаен во битката за втората позиција на која атакуваат и нашиот шампион Вардар и францускиот првак Пари Сен Жермен.
Следниот ден со автобус, ракометарите на Металург ќе отпатуваа за Брест, кој е оддалечен од Минск повеќе од 350 километри, за да го одиграат мечот од СЕХА-лигата против БрестМешков, закажан за во вторник од 16 часот.
И тука не е крајот на авантурата бидејќи е планирано од Брест да се патува до Варшава повторно со автобус, на пат долг околу 200 километри.
Металург, како и Вардар, веќе има обезбедено пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, а и двете наши екипи се на добар пат да играат и на завршниот турнир во СЕХА-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.