Страшна несреќа се случи за време на тренинг на боб во Сочи откако натпреварувач пробно се пуштил со санката со која пред целта удрил во работник. На несреќниот работник му биле скршени двете нозе, а веднаш по несреќата со хеликоптер е префрлен во болница.
Оттаму засега не соопштија дополнителни информации, меѓутоа руските медиуми пишуваат дека работникот бил опериран, а покрај скршеници на двете нозе, постои сомнеж дека има и потрес на мозокот.
Инаку, не е познато што правел работникот на патеката во тој момент бидејќи сигнал за предупредување за почеток на тренингот добиле сите. Поради тоа, Меѓународниот олимписки одбор одлучи да покрене истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


