Текстот објавен во вечер дигна прашина во Бугарија, медиумот Днес.бг објави текст со наслов: “Скопје со филм за цар Самоил крена бунт против бугарската власт”
Дали е на повидок нова филмска војна меѓу Македонија и Бугарија!? Слична на онаа со “Трето полувреме”? Овојпат причина би можел да биде новиот филм на Антонио Митриќески, Цар Самоил”. Откако вечер објави текст со изјави на Митриќески, бугарскиот медиум Днес.бг објави текст со наслов: “Скопје со филм за цар Самоил крена бунт против бугарската власт”.
Во текстот се вели:
“Скопје упорно се обидува да ја насади ‘вистината’ за ‘македонскиот’ цар Самоил. Режисерот Антонио Митриќески се подготвува да направи филм за ослепените војници на цар Самоил откако деновиве замина во Берлин да бара спонзори. Македонскиот весник ВЕЧЕР ги цитира зборовите на Митриќески, кој тврди дека тие се изречени од самиот цар Самоил”, пишува на интернет-страницата Днес.бг. Тие пренесуваат голем дел од текстот во ВЕЧЕР, започнувајќи со:
“Јас, Самоил Мокри, од племето Берзити, цар на светото македонско царство, крунисан од папата од Ватикан, татко сум на целиот славјански род од Унгарија до Константинопол”.
Днес.бг ја пренесува и изјавата на продукцијата, во која се вели: “Царот Самоил, кој ја создава првата македонско-словенска држава во 11 век”, и го додаваат делот каде што се вели дека колосалниот македонски цар го започнал својот подем со востанието против бугарската власт”.
Днес.бг ги пренесува и филмските детали кои Митриќески ги објаснува за ВЕЧЕР:
“Самоил на својот слуга Раден, кој му е како татко, му вели: Постоеја три големи царства до нашата појава. Ромејското, германското и бугарското. Бугарското го урнавме. Останаа две. Сега ни на едните ни на другите не им е во интерес повторно да се јави трето, овојпат македонско. Но, јас ти ветувам дека ќе го има, Радене!”.
Текстот на вечерго пренесуваат и уште неколку други бугарски медиуми, а се појавува и коментар од професорот Божидар Димитров, кој вели дека нема сомнеж во бугарската народност на царот Самоил.
Дали ќе се повтори случајот со “Трето полувреме”?
По ваквите написи во Бугарија, се отвора прашањето дали ќе се повтори случајот со “Трето полувреме”? Да потсетиме, европратениците Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев во 2011 година му пишаа на Штефан Филе дека македонскиот филм “Трето полувреме” шири историски манипулации кон Бугарија.
“Очигледно, повторно стануваме сведоци на еден од многуте случаи на градење на македонскиот идентитет врз историски фалсификати”, напишаа Бугарите, по што следуваа одговори од портпаролот на Европската комисија, но и од Дорис Пак, германската европратеничка и претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент, која рече:
“Не треба да се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот ‘Трето полувреме’. Тоа се луѓе кои не разбраа ништо за Европа. Тие треба да прекинат со тоа, бидејќи што би правеле ние во Германија ако секогаш мора да кажеме ‘не’ или да протестираме за сите филмови кои се снимаат за Третиот рајх. Не е на место да се реагира на ваков начин, тоа не е културен начин на делување и би сакала да не им се дава големо значење на нивните реакции”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија