Старото кино во скопската населба Кисела Вода ќе се реконструира и адаптира во нов, мултифункционален објект, најавија денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Новиот Дом на културата ќе се користи како театар со 144 седишта. Просторот ќе има и библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни канцеларии, како и простории за месната заедница со посебен влез.
Реконструкцијата ќе се реализира со средства од државниот и од Буџетот на локалната самоуправа.
– Кисела Вода е една од најстарите општини. Граѓаните заслужуваат да имаат совршен објект со мултикултурна функција и добра културна понуда во интерес на збогатувањето на културниот живот – истакна Канческа Милевска на прес-конференција.
Предвидено е новиот Дом на културата да биде енергетски ефикасен објект со модерна надворешност. Фасадата ќе биде од композитни алуминиумски панели во три бои, црвена, темно и светлосива. Надворешниот простор ќе биде холтикултурно уреден, а за посетителите ќе бидат обезбедени и паркинг-места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава
-
Министерката за култура се сретна со членовите на мисијата за мониторинг на УНЕСКО
-
Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар
-
Канческа-Милевска: Потребни се заеднички ставови кога се работи за државни интереси