| четврток, 6 декември 2018 |

Судење Монструм: Сопствената свадба ја користи како алиби

monstrum

На последното судско рочиште за масакрот кај Смилковското езеро, последниот обвинет во случајот “Монструм”, Сами Љута, за да докаже дека не е виновен во судницата го пушти цедето од својата свадба.

Како што јавува Дневник, обвинетиот во судницата тврдел дека не се точни изјавите на некои сведоци во врска со неговиот изглед, бидејќи како што можело да се види од цедето кое го донел, тој како младоженец имал кратка коса, а свадбата била еден месец пред настанот кај езерото.

Адвокатите очекуваат дека Јавното обвинителство ќе најде начин да го повлече актот за обвинетиот Сами Љута.

За потсетување, масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година, кога животот го загубија Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top