| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ реагира на тврдењата на власта за јавниот долг

sdsm

Опозициската СДСМ  реагира на тврдењата на Владата  дека Македонија  е четврта најмалку задолжена земја во споредба со останатите држави во Европа. Бара Владата да го објави износот на јавниот долг и оценува дека  во тој случај „Македонија ќе биде на пониско место во табела“.

Кире Наумов, претседател на Советот за економски прашања на СДСМ денеска на прес-конференција рече дека  власта долгот на централната Влада на Македонија го споредува со јавниот долг на останатите држави, а не со долговите на нивните централни влади. Тоа, наведе, се две сосема различни работи.

– Јавниот долг на РМ без долгот на НБРМ, според документот објавен од Министерството за финансии и потпишан од министерот Ставревски на 30.09 2013, изнесува 40,2% од Бруто домашниот производ (БДП), рече Наумов.

Според него, кога би се објавил изност за јавниот долг „Македонија не би била четврта најмалку задолжена земја, туку на многу пониско место на табелата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top