Црногорецот Владимир преку радио ја бараше Македонката Ева со која на кратко се запозна во метро во Њујорк.
Пораката брзо се рашири низ светот и стигна до Ева.
Станува збор за Ева Скендеровска, актерка во Театар комедија и ќерка на познатиот композитор и музичар Валентино Скендеровски.
-Станува збор за Црногорец кој го запознав во метро додека одев на гости кај тетка ми. Нѐ запозна една другарка. Нашата средба траеше кратко, само се запознавме и кратко разговаравме. Овој повик за мене беше големо изненадување, вистински шок – вели Ева за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.