| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо до бившото момче: Фала ти што ја остави

Повеќе од 2о илјади споделувања само на „Фејсбук“ има ова искрено писмо од момеч, кое му благодари на поранешниот партнер на нејзината девојка – само затоа што му дал шанса да ја сака.

„До мажот што ја пушти,

Ти благодарам. Ти благодарам што излезе од нејзиниот живот, што ја остави. Ти благодарам што ми ја даде шансата да ја сакам, да правам нешта што ќе ја прават среќна, вистински да ја пазам. Ти благодарам што ја повреди. Ако не го направеше тоа, таа немаше да научи нешто вредно. Ќе дадам се од себе да не ја повредам, бидејќи ме боли кога гледам дека плаче. Ќе направам се што ти не успеа да направиш за неа, ќе бидам тука кога ќе се чувствува осамено, ќе ја направам свој приоритет и никогаш нема да направам да се чувствува како втора опција, ќе ги слушам нејзините приказни, проповеди и поплаки без разлика колку се бизарни или клише. Ќе и дадам време и внимание, дури и кога нема да го побара тоа. Ќе се грижам за девојката што ти не знаеше да ја цениш. Ќе ја сакам девојката што ти ја зеде здраво за готово. Ќе направам се да ја зачувам и да ја натерам да остане. Ќе ја сакам поради тоа каква е, ќе ја подржувам во се што сака да биде. Ќе бидам партнерот што ти не успеа да станеш за неа. Ќе бидам човекот што никогаш нема да ги направи истите грешки како тебе. Јас никогаш нема да ја пуштам“.

“To the man who let her go,Thank you. Thank you for walking out of her life, for leaving her. Thank you for giving me…

Posted by Love What Matters on Wednesday, March 23, 2016

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top