| четврток, 6 декември 2018 |

Блокиран автопатот Белград-Скопје

jumko-protest-790x592

Незадоволните работници на компанијата „Јумко“ од Врање денеска го радикализираа штрајкот кој започна на 13 јануари и го блокираа автопатот Белград-Скопје, кај местото Бресница, недалеку од тој град.

Претседателот на Самостојниот синдикат на „Јумко“, Слаѓан Митиќ, изјавил за агенцијата Бета, дека околу 1.400 работници не дозволуваат да помине ниту едно возило, така што од правецот на Белград е формирана колона од возила до Владичин Хан.

– Работниците нема да ја тргнат блокадата на автопатот, додека не ни се обрати  премиерот, или првиот потпретседател или министерот за економија- рекол Митиќ.

Тој навел дека барањата на работниците  се исплата на заостанатите плати и почитување на Законот за работа.

Работниците на холдингот на компанијата „Јумко“, која е во мнозинска сопственост на државата, го почнаа штрајкот на 13 јануари во кругот на фабриката, за да  од 5 февруари го радикализираат и да започнат со протестни поворки до Градското собрание во Врање, се до денеска кога протестот се прошири на блокада на автопатот Белград-Скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top